Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 29:29-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Кога сврши принесувањето на паленицата, царот и сите кои беа со него паднаа набожно на колена и се поклонија.

30. Тогаш царот и кнезовите им заповедаа на левитите да Го фалат Господа со зборовите на Давида и на гледачот Асаф; тие почнаа да фалат со најголема веселба, паднувајќи ничкум, се поклонија.

31. Тогаш Езекија проговори: „Сега вие се посветивте на Господа; пристапете и донесете ги жртвите и благодарните приноси во Господовиот Дом.” Сиот собир донесе закланици и благодарници. Секој што имаше волно срце, принесе паленици.

32. Палениците што ги донесе собирот беа на број: седумдесет говеда, сто овни, двеста јагниња, сè за паленици на Господа.

33. Другите посветени дарови беа шест стотини говеда и три илјади грла ситен добиток.

34. Но свештениците беа премалку, така што не можеа да ги одерат сите паленици; затоа им помагаа браќата левити, додека не се сврши работата и додека не беа посветени други свештеници, зашто левитите беа со погорливо срце за да се посветат отколку свештениците.

35. Беа и многу паленици со лојта од помирителните жртви, и со налевници при палениците. Така, пак беше обновена службата во Господовиот Дом.

36. И Езекија се веселеше, и сиот народ со него, зашто Бог му подготви на народот, бидејќи се тоа се случи ненадејно.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 29