Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 32:25-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Но Езекија не му се оддолжи на добротворството што му беше искажано, туку се возгордеа; затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим.

26. Но Езекија се понижи затоа што му се беше возгордеало срцето, и тој и Ерусалимците, па така Господовата расрденост не дојде врз нив за време на Езекиевиот живот.

27. Езекија придоби многу големо богатство и слава; направи ризница за сребро и злато, за скапоцени камења, за мириси, за штитови и за секакви скапоцени посатки;

28. складишта за родот на житото, на новото вино и за маслото, простории за секаков добиток, огради за стадата.

29. Подигна и градови, имаше многу добиток, ситна стока и говеда, зашто Господ му даде мошне голем имот.

30. Истиот Езекија го засипа горниот извор на Гионската Вода и ја сврте право на западната страна од Давидовиот Град. Езекија беше среќен во секоја работа.

31. Само кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови, испратени кај него за да се распрашаат за чудото што стана во земјата, Бог го остави, за да го испита и за да се сознае сè што му е во срцето.

32. Другите Езекиеви дела, и неговата набожност, се запишани во пророчките виденија на пророкот Исаиј, Амосов син, и во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.

33. Езекија почина кај своите татковци. Го погребаа на угорништето по кое се оди кон гробовите на Давидовите синови. По смртта сите Јудејци и Ерусалимци му оддадоа почест. На негово место се зацари син му Манасиј.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 32