Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 13:33-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Затоа сега мојот господар и цар нека не мисли во срцето дека загинаа сите царски синови. Загина само Амнон.”

34. А Авесалом избега. А момчето што беше на стража ги подигна очите и согледа мноштво народ како слегува по патот зад него, отаде планината.

35. И Јонадав му рече на царот: „Еве, стигнаа царските синови! Се случи како што ти рече твојот слуга.”

36. Туку што го изрече тоа, а царските синови влегоа и заплакаа со сиот глас; а и царот и сите негови слуги плачеа силно.

37. Авесалом пак беше избегал и беше отишол кај Талмај, синот Амијудов, гесурски цар. А Давид тажеше по својот син непрекратно.

38. А бидејќи Авесалом избега и отиде во Гесур, остана таму три години.

39. И душата на царот Давид копнееше по Авесалома: зашто се утеши за Амноновата смрт.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 13