Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 5:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид слезе во своето засолниште.

18. Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина.

19. Тогаш Давид го праша Господа: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?” Господ му одговори на Давида: „Нападни! Ќе ти ги предадам Филистејците во рацете!”

20. Тогаш Давид дојде во Вал Ферасим и таму ги порази. Давид рече: „Господ продре пред мене меѓу моите непријатели како што продира водата.” Затоа тоа место беше наречено Вал Ферасим (Место на Продори).

21. Таму ги оставија своите богови; а Давид и неговите луѓе ги однесоа.

22. Филистејците дојдоа пак и се раширија по Рафајската Долина.

23. Давид пак го праша Господа, а Тој му одговори: „Не оди пред нив, туку појди им зад плеќи и нападни ги од спротивната страна на Бекаим (Црници).

24. Кога ќе чуеш шум на чекори по бекаимските врвови, тогаш побрзај, зашто тогаш Господ ќе оди пред тебе за да ја порази филистејската војска.”

25. Давид направи како што му заповеда Господ, и ги порази Филистејците од Гаваја до Гезер.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 5