Стар Завет

Нов Завет

Амос 3:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте го Израелеви синови ова слово кое Господ го зборува против вас, против секој род што го изведов од Египетската Земја:

2. „Само вас ве познав меѓу сите земни племиња, затоа ќе ве казнам за сите ваши гревови.”

3. Одат ли двајца заедно ако не се договорат?

4. Рика ли лавот во гората ако нема плен? Пушта ли лавчето глас во дувлото ако ништо не улови?

5. Паѓа ли птицата на земјата ако нема клопка на неа? Се дига ли мрежата од земјата ако ништо не се фати?

Прочитајте целосна глава Амос 3