Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 13:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Аврам беше многу богат со добиток, сребро и злато.

3. Одеше од место до место, од јужната страна до Ветил,

4. до местото каде го имаше оптегнато неговиот шатор отпорано, меѓу Ветил и Гај, и каде подигна жртвеник. Таму Аврам го повика Господовото име.

5. Исто и Лот, кој го придружуваше Аврама, имаше овци, говеда и шатори,

6. така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно.

7. Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја.

8. Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа.

9. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.”

10. Лот ги подигна очите и согледа колку е добро наводнувана Јорданската Долина, како некаква Господова градина, како Египетската Земја сè до Сигор, пред Господ да ги истреби Содом и Гомор.

11. Затоа Лот ја избра целата Јорданска Долина и замина на исток. Така се одделија еден од друг.

12. Аврам остана во Ханаанската Земја, додека Лот живееше во градовите на рамницата и ги преместуваше своите шатори до Содом.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 13