Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 2:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Господ, Бог, го обликува човекот од земниот прав и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.

8. И Господ, Бог, насади градина на исток, во Еден, и таму го смести човекот, кого го обликува.

9. Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво - убаво за погледот и добро за храна - и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.

10. Река извираше од Еден за да ја натопува градината; оттаму беше раздвоена, и настанаа четири главни реки.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 2