Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 23:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Должината на Сбриниот живот беше сто дваесет и седум години.

2. Сбра умре во Киријат Арва, односно во Хеврон, во Ханаанската Земја; и Авраам жалеше за Сбра и тажеше по неа.

3. Потоа Авраам се крена од пред својата покојница и им прозбори на Хетевите синови:

4. „Иако сум јас населен странец меѓу вас, продајте ми земја за гроб среде вас, така да можам да ја изнесам својата покојница и да ја погребам.”

5. А Хетевите синови му одговорија на Авраама и му кажаа:

6. „Послушај нè, господару! Ти си Божји избраник во наша средина. Погреби ја својата покојница во нашиот најдобар гроб. Никој од нас нема да ти го откаже својот гроб, за да можеш да ја погребеш својата покојница.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 23