Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 24:49-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

49. А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”

50. Тогаш, Лаван и Ватуил одговорија: „Тоа доаѓа од Господа; ние тука не можеме да речеме ни лошо ни добро.

51. Ете, Ревека е пред тебе: земи ја и оди си, нека му биде жена на синот на твојот господар, како што рекол Господ.”

52. Кога Авраамовиот слуга ја чу нивната согласност, Му се поклони на Господа до земја.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 24