Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Дали го познавате - ги праша натаму - Нахоровиот син Лаван?” „Го познаваме”, одговорија.

6. „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија.

7. „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?”

8. „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29