Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 32:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Така им нареди и на вториот, па на третиот, и на сите други што одеа по стадата: „Ова кажете му на Исава кога ќе го сретнете.

20. И кажете му уште: „А твојот слуга Јаков и самиот иде по нас.” Имено, мислеше: „Ако го смилувам, однапред, со подароците, а потоа се соочам со него, можеби ќе ми прости.”

21. Така подароците тргнаа напред, додека тој ја преспа ноќта во логорот.

22. И стана во таа ноќ, ги зеде своите две жени, своите две слугинки и своите единаесет деца и премина преку бродот на Јавок.

23. И ги зеде, ги помина преку потокот, и преведе сè свое. И Јаков остана сам.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 32