Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 32:25-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Откако виде дека не може да го совлада, му го измести бедрото при зглобот, така што на Јакова му се измести колкот додека се бореа.

26. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!” Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.”

27. Тогаш, го праша: „Како ти е името?” Одговори: „Јаков.”

28. Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.”

29. Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?” А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?” И го благослови таму.

30. Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.”

31. Сонцето изгреа над него, кога заминуваше од Фануил. Кривеше заради колкот.

32. Затоа и досега Израелевите синови не ја јадат жилата, што е во состав на бедрото, зашто Јакововиот бедрен зглоб беше изместен во жилата на бедрото.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 32