Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 34:11-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Сихем им рече на татка и и на нејзините браќа: „За да најдам милост во вашите очи, ќе ви дадам што ќе побарате.

12. Барајте од мене колку што сакате: сè што ќе запросите ќе ви дадам, само дајте ми ја девојката за жена.”

13. Јакововите синови им одговорија на Сихем и на неговиот татко Емор со лукавство, зашто ја обесчести сестра им Дина -

14. па им рекоа: „Не можеме да се согласиме да ја дадеме сестра си на човек, кој не е обрезан, зашто тоа би било срам за нас.

15. Единствено ќе ја дадеме, под услов, ако и вие станете како нас, ако ги обрежете сите свои машки.

16. Тогаш ќе можеме да ви ги даваме своите ќерки и да ги земаме вашите за себе, да се населиме при вас и да бидеме еден род (народ).

17. А ако не нè послушате нас, да се обрежете, ќе ја земеме нашата ќерка и ќе си одиме.”

18. На Емор и Сихем, Еморовиот син, им се допаднаа зборовите.

19. Момчето не се забави да го изврши барањето, зашто копнееше по Јакововата ќерка; а беше најпочитуван од сите во татковиот дом.

20. Емор и неговиот син Сихем дојдоа пред вратата на овој град и им зборуваа вака на своите сограѓани:

21. „Овие луѓе се мирни; нека се населат меѓу нас во земјава; нека се занимаваат на неа; ете, земјата е пространа пред нив; ќе можеме да ги земаме нивните ќерки за жени, а нашите да им ги даваме ним.

22. Но луѓето ќе се согласат да живеат меѓу нас и да бидат еден народ со нас, само ако сите наши машки бидат обрезани, како што се и тие обрезани.

23. Зар така не ќе бидат наши: добитокот што го придобија, сето нивно богатство? Да се согласиме, па нека се населат среде нас!”

24. Сите возрасни машки, кои имаа право да излезат на градската врата, ги послушаа Емор и неговиот син Сихем, па секое машко беше обрезано, - секој што имаше право да излезе на градската врата.

25. А на третиот ден, додека тие уште беа во болки, два Јаковова сина, Симеон и Леви, Динини браќа, го грабнаа секој својот меч и дојдоа во градот, без пречки, и ги погубија сите машки.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 34