Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 42:27-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Кога еден од нив ја отвори, во преноќиштето, својата вреќа, за да го нахрани ослето, ги виде своите сребреници одозгора во вреќата.

28. „Моето сребро ми е вратено! - им извика на браќата. - Еве го во мојата вреќа!” Срцето затрепери во нив. Се загледаа уплашени и рекоа: „Што ни го стори ова Бог?”

29. Откако дојдоа при својот татко Јаков, во Ханаанската Земја, му кажаа што им се случи.

30. „Човекот, кој е господар на онаа земја - рекоа - ни зборуваше остро и нè обвини како согледувачи.

31. ‘Чесни луѓе сме - му рековме - и никогаш не сме биле извидници.

32. Бевме дванаесет браќа, синови на ист татко, но едниот веќе го нема, додека најмладиот се наоѓа сега со нашиот татко во Ханаанската Земја.’

33. Но човекот, кој управува над таа земја, ни рече: ‘Вака ќе научам дали сте чесни луѓе: оставете еден брат кај мене, а вие другите земете жито заради гладот на вашите семејства, па одете си.

34. И доведете ми го вашиот најмлад брат, така да знам дека не сте согледувачи, туку чесни луѓе. Па ќе ви го вратам вашиот брат, а вие ќе можете слободно да се движите низ земјава.’”

35. Кога ги празнеа своите вреќи, секој го најде своето сребро во вреќата. Забележувајќи го тоа, се исплашија и тие и нивниот татко.

36. „Вие ме оставате мене без деца! - им рече татко им Јаков. - Јосифа го снема, Симеона го нема, а сега сакате да го одведете и Венијамина. Сè тоа паѓа врз мене!”

37. А Рувим му рече на татка си: „Убиј ги моите два сина, ако не ти го доведам назад! Предај го во мои раце, и јас ќе ти го вратам!”

38. „Син ми нема да дојде со вас! - им одговори. - Неговиот вистински брат веќе е мртов, и тој остана сам. Ако му се случи несреќа, на патот по кој ќе тргнете, ќе ја испратите со тага мојата седа глава во гробот!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 42