Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 45:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Исто така, му испрати на татка си: десет ослиња натоварени со најдобри египетски плодови, и десет ослиња натоварени со жито, леб и прехранбени производи, за по пат на таткото.

24. Испраќајќи ги своите браќа на пат, им рече: „Не се препирајте патем!”

25. И така, тие си отидоа од Египет и стигнаа во Ханаанската Земја, при татка си Јакова.

26. Кога му рекоа: „Јосиф е жив и уште повеќе - владее над целата Египетска Земја!” Неговото срце се скамени, зашто не можеше да им верува.

27. Но кога му раскажаа сè што им рече Јосиф, и кога ги видоа колите, што ги испрати Јосиф, за да го превезат, духот на татка им Јакова оживе.

28. „Доста - рече Израел. - Мојот син Јосиф уште е жив. Треба да тргнам и да го видам пред да умрам.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 45