Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 12:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Мојсеј беше мошне скромен човек, најскромен човек на земјата.

4. И Господ им рече веднаш на Мојсеја, на Арона и на Маријам: „Вие тројцата јавете се во Шаторот на средбата.” Тие тројца се јавија.

5. Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред,

6. Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон.

7. Но не е така со Мојот слуга Мојсеј. Од сите во Мојата куќа тој е најверен.

8. Јас му зборувам нему уста во уста, јавно, а не со гатанки, и тој смее да го гледа Господовиот лик. Како тогаш не се плашевте да зборувате против Мојот слуга Мојсеја?”

9. Откако пламна со гнев против нив, Господ си отиде.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 12