Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 2:30-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Неговата војска брои педесет и три илјади и четири стотини запишани.

31. Сите запишани во Дановиот логор се сто педесет и седум илјади и шест стотини. Тие нека тргнуваат последни под своите знамиња.”

32. Тоа се избројаните Израелци според татковските домови. Сите избројани во логорите, по нивните чети, се шест стотини и три илјади и пет стотини и педесет.

33. Левитите не беа избројани со Израелците, како што Господ му нареди на Мојсеја.

34. Израелевите синови направија сè како што Господ му нареди на Мојсеја. Така ги поставуваа логорите при своите знамиња и така одеа, секој по својот род и по своите семејства.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 2