Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 20:15-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Нашите татковци се спуштија во Египет. Живеевме многу време во Египет. А Египетците постапуваа лошо со нас и со нашите предци.

16. Затоа Му се молевме на Господа, и Тој го чу нашиот глас и испрати ангел, кој нè избави од Египет. Еве нè сега во Кадис, град на меѓата на твоето подрачје.

17. Пушти нè да поминеме низ твојата земја. Не ќе врвиме низ полето ни низ лозјата, ниту ќе пиеме вода од твоите кладенци; ќе одиме по Царскиот Пат, не свртувајќи ни десно ни лево додека не поминеме преку твоето подрачје.’”

18. Едом му одговори: „Не поминувај преку мојата земја, зашто ете ме со меч пред тебе!”

19. „Ќе одиме по друмот - рекоа Израелевите синови - а ако пак пиеме твоја вода, ние или нашите стада, ќе платиме за тоа. Ништо повеќе, само да поминеме со нозе.”

20. „Не поминувај!”- одговори. И Едом излезе против него со многу луѓе и со силна рака.

21. Така Едом не му дозволи на Израел да помине преку неговите предели, и Израел се заврте од него.

22. Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор.

23. Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона:

24. „Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води.

25. Земи ги: Арона и сина му Елеазар, па изведи ги на гората Ор.

26. И соблечи му ја на Арона неговата облека и облечи го во неа неговиот син Елеазар. Арон ќе им се придружи на своите луѓе, ќе умре таму.”

27. Мојсеј направи како што нареди Господ. Се искачија на Ор пред целото општество.

28. Мојсеј ја соблече од Арона неговата облека и му ја облече на неговиот син Елеазар. Арон почина таму, на врвот на гората. А Мојсеј и Елеазар слегоа од гората.

29. Целото општество виде дека Арон почина, и сиот Израелев дом го оплакуваше Арона триесет денови.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 20