поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36

Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон:

2. „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.”

3. И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон,

4. сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја:

5. Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците;

6. од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците.

7. Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет.

8. Елијав беше Фалуев син,

9. а Елијавови синови: Намуил, Датан и Авирон. Овие: Датан и Аврион беа угледни членови на општеството, кое се подигна против Мојсеја и Арона во Кореевата буна, кога се побунија против Господа.

10. Тогаш земјата ја отвори својата утроба и ги проголта заедно со Кореј, кога смртта ја грабна таа група и кога огнот голтна двеста и педесет луѓе. Така станаа опомена за другите.

11. Но, Кореевите синови не загинаа.

12. Симеонови синови по нивните поколенија: од Намуил родот на Намуиловци; од Јамин родот на Јаминовците;

13. од Зара родот на Заринците и од Саул родот на Сауловците.

14. Тие се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двеста.

15. Гадовите синови по нивните родови: од Сифон родот на Сифоновци; од Агиј родот на Агиевци; од Суниј родот на Суниевците;

16. од Азен родот на Азеновците; од Ириј родот на Ириевците;

17. од Арод родот на Ародовците и од Арилиј родот на Арилиевците.

18. Тоа се родовите на Гадовите потомци, според нивното пребројување: четириесет илјади и пет стотини.

19. Јудини синови: Ир и Авнан. И Ир и Авнан умреа во Ханаанската Земја.

20. Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци.

21. Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци.

22. Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини.

23. Исахарови синови по нивните родови: од Тола родот на Толинци; од Фува родот на Фувинци;

24. од Јасув родот на Јасувовците и од Амрам родот на Амрамовци.

25. Тоа се Исахаровите родови. Нив ги запишаа шеесет и четири илјади и триста.

26. Завулонови синови по нивните родови: од Саред родот на Саредовците; од Алон родот на Алоновци и од Алил родот на Алиловци.

27. Тоа се Завулоновите родови, според нивното пребројување: шеесет илјади и пет стотини.

28. Јосифови синови по нивните родови: Манасиј и Ефрем.

29. Манасиеви синови: од Махир родот на Махировци. На Махира му се роди Галад. Од Галад е родот на Галадовци.

30. Овие беа Галадови синови: од Ахиезер родот на Ахиезеровците; од Халек родот на Халековци;

31. од Есрил родот на Есриловци; од Сихем родот на Сихемовци;

32. од Симаер родот на Симаеровци и од Офер родот на Оферовци.

33. Оферовиот син Салпад немаше синови, туку ќерки. Имињата на Салпадовите ќерки беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса.

34. Тоа се Манасиеви родови. Избројаните од нив: педесет и две илјади и седум стотини.

35. Овие пак се Ефремовите синови, по нивните родови: од Сутал родот на Суталовците; од Вехер родот на Вехеровци и од Тахан родот на Тахановци.

36. Овие се Суталови синови: од Еран родот на Ерановците.

37. Тоа се родовите на Ефремовите синови, според нивното пребројување: триесет и две илјади и пет стотини. Тоа се Јосифови синови, по нивните родови.

38. Венијаминовите синови, по нивните родови: од Вела родот на Велинци; од Асвил родот на Асвиловци; од Ахирам родот на Ахирамовци;

39. од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци.

40. Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци.

41. Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини.

42. Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови.

43. Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.

44. Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.

45. Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.

46. На Аировата ќерка името и беше Сара.

47. Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.

48. Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;

49. од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.

50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.

51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.

52. Господ му рече на Мојсеја:

53. „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.

54. На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.

55. Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.

56. Наследството ќе биде поделено со жрепка, на секое племе според неговата големина.”

57. Ова е попис на левитите, по нивните поколенија: од Гирсон родот на Гирсоновците; од Каат родот на Каатовци и од Мерариј родот на Мерариевци.

58. Еве се родовите на Левиевците: родот на Ловениевци, родот на Хевроновци, родот на Малиевци, родот на Мусиевци и родот на Кореевци. На Каат му се роди Амрам.

59. На Амрамовата жена името и беше Јохавета. Беше Левиева ќерка, која му се роди на Левија во Египет. Таа му ги роди на Амрам: Арона, Мојсеја и нивната сестра Маријам.

60. На Арона му се родија: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.

61. Надав и Авиуд загинаа кога принесуваа непосветен оган пред Господа.

62. Сите избројани мажи од еден месец па нагоре беа дваесет и три илјади. Тие не беа избројани заедно со Израелевите синови; и не им беше доделено наследство меѓу Израелевите синови.

63. И така, тоа се оние, кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Елеазар; тие го извршија овој попис на Израелците покрај Јордан, во Моавските Полиња спроти Ерихон.

64. Меѓу нив немаше ниту еден од оние кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Арон, кога ги избројуваа Израелевите синови во Синајската Пустина.

65. Зашто Господ беше рекол за нив: „Нека изумрат во пустината и нека не остане никој од нив, освен: Халев, Ефониевиот син, и Исус, синот Навинов!”