Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 29:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Во седмиот месец, во првиот ден на месецот, имајте свое собрание. Не работите никаква работа! Тоа нека ви биде Ден на трубниот звук.

2. Принесете паленица за пријатен мирис на Господа: еден јунец, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.

3. Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен

4. и една десетина ефа на секое од седумте јагниња.

5. И еден јарец во жртва за грев, за ваше очистување.

6. Тоа нека биде - покрај паленицата на млада месечина и нејзиниот лебен принос; покрај секојдневната паленица и нејзиниот лебен принос, и покрај нивните налевници, според прописот - палена жртва за пријатен мирис на Господа.’

7. ‘А на десеттиот ден на седмиот месец имајте свето собрание; смирете ги вашите души и не работите никаква работа.

8. Принесете Му на Господа паленица за пријатен мирис: еден јунец, еден овен и седум едногодишни јагниња. Нека ви бидат без недостаток.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 29