Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 3:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;

7. нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.

8. Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.

9. Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.

10. Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 3