72. Во единаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Асировците, Фагаил, синот Ехранов.
73. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
74. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;
75. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;
76. еден јарец за жртва за грев,
77. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше принос на Фагаила, Ехрановиот син.
78. Во дванаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Нефталимовите синови, Ахиреј, синот Енанов.
79. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
80. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;
81. еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица;
82. еден јарец за жртва за грев,
83. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син.