Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 7:77-89 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

77. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше принос на Фагаила, Ехрановиот син.

78. Во дванаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Нефталимовите синови, Ахиреј, синот Енанов.

79. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

80. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

81. еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица;

82. еден јарец за жртва за грев,

83. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син.

84. Тоа беа приносите на Израелевите началници за осветување на жртвеникот во денот кога беше помазан: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши и дванаесет златни кадилници.

85. Секоја сребрена чинија тежеше сто и триесет шекели; секоја чаша седумдесет шекели. Вкупно сребро во садовите имаше две илјади и четири стотини светилишни шекели.

86. Златни кадилници, полни со темјан, беа дванаесет; секоја кадилница тежеше десет храмски шекели. Сето злато во кадилниците тежеше сто и дваесет шекели.

87. Сиот добиток за паленици: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, со лебните приноси. За жртвата за грев: дванаесет јарци.

88. Сиот добиток за помирителната жртва: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јариња и шеесет јагниња годиначиња. Тоа беа приносите за осветување на жртвеникот по неговото помазание.

89. Кога Мојсеј влегуваше во Шаторот на средбата, за да разговара со Бога, слушаше како му зборува глас одозгора од Покривот што беше на Ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима. Тогаш му зборуваше.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 7