Стар Завет

Нов Завет

Даниел 1:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Господ му ги даде во рацете Јоакима, јудејскиот цар, и дел од садовите во Божјиот дом; тој ги однесе во земјата Сенар и ги сложи садовите во ризницата на својот бог.

3. Царот му нареди на Асфеназа, старешината на своите придворници да доведе од синовите Израелеви неколку момчиња од царски или од благороднички род:

4. нека бидат без недостатоци, убави, вешти во секоја мудрост, добро поучени и бистри, достојни да стојат во царски дворец; Асфеназ нека ги научи на писмото и јазикот на Халдејците.

5. Царот им одреди дневно следување од царските јадења и од виното од својот стол. Нека ги воспитуваат три години, а потоа ќе стојат пред царот.

6. Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.

7. Старешината на придворниците им даде имиња: Даниел ќе се вика Валтазар, Ананиј Седрах, Мисаил Мисах, Азариј Авденаго.

8. Даниел одлучи во срцето дека нема да се оскверни со царските јадења и со виното од неговиот стол, па го замоли дворскиот старешина да го поштеди та да не се оскверни.

9. Господ му даде на Даниела та најде благонаклоност и милост кај старешината на придворниците.

Прочитајте целосна глава Даниел 1