Стар Завет

Нов Завет

Даниел 10:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во третата година на Кир, персискиот цар, на Даниел, наречен Валтазар, му дојде откровение на вистина: голема војна. Тој настојуваше да го разбере словото и разбирањето му беше дадено во привид.

2. Во тие денови, јас, Даниел, жалев три седмици:

3. не јадев течни јадења; месо ни вино не влегуваа во мојата уста, и не се мачкав со масло додека не поминаа трите седмици.

4. Во дваесет и четвртиот ден на првиот месец бев на брегот на големата река Тигар;

5. ги подигнав очите да видам, и ете: Човек облечен во ленена облека околу половината имаше појас од Уфаско злато,

6. телото му беше како хрисолит, лицето како молња, очите како огнени гламни, рацете и нозете како светната бронза, звукот на неговите зборови како врева на многу народи.

7. Единствено јас, Даниел, го гледав овој привид; луѓето кои беа со мене не го видоа, ама ги опфати голем страв та избегаа за да се скријат.

8. Останав сам гледајќи го тоа големо привидение; се обессилив, лицето ми пребледе, се обезобрази, силата ме остави.

9. Го чув гласот на неговите зборови и кога го разбрав гласот, се обесвестив и паднав со лицето на земјата.

10. И ете: ме допре рака и ми помогна да се потпрам врз колената и врз дланките.

11. Тој ми рече: „Даниеле, љубимче, внимавај на зборовите што ќе ти ги речам! Стани, зашто еве јас сум испратен кај тебе.” Тоа го рече, а јас станав треперејќи.

12. И ми рече: „Не бој се Даниеле, зашто од првиот ден кога одлучи да се понизиш пред Својот Бог за да разбереш, твоите зборови се послушани, и јас дојдов заради твоите зборови.

13. Кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден, но Михаел, еден од првите кнезови, ми дојде на помош. Го оставив спроти персиските цареви,

Прочитајте целосна глава Даниел 10