Стар Завет

Нов Завет

Даниел 8:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Ги подигнав очите, и ете: овен стоеше покрај реката. Имаше два рога: двата рога беа високи, но едниот повисок од другиот, а оној повисокиот израсте после.

4. Гледав како овенот боде кон запад, кон север и кон југ. Ниедно животно не можеше да му устои, ништо не можеше да му избега. Правеше што сакаше, се засили.

5. Додека набљудував, ете: јарец доаѓа од запад врз сета земја, не допирајќи ја почвата; јарецот имаше силен рог меѓу очите.

6. Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила.

7. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот.

8. Јарецот се засили многу, но кога се засили, големиот рог се скрши, а на неговото место израстеа четири големи рогови кон четирите небесни ветра.

9. Од едниот од нив изби мал рог, ама тој израсте многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја.

10. Тој порасте сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази.

11. Порасте сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва и Му го разори неговото Свето Место.

12. Војската се дигна против секојдневната жртва заради нечесноста, ја обори вистината на земја, и успеа во сè што правеше.

Прочитајте целосна глава Даниел 8