Стар Завет

Нов Завет

Еремија 12:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Сееја пченица, а пожнееја трње: се исцрпија без полза. Се срамат од својот производ, сè заради Господовата јарост.”

14. Господ зборува вака: „За сите Мои лоши соседи, кои напаѓаа на наследството што Му го дадов на Мојот народ Израел, Јас ќе ги откорнам од нивната земја. Но Јудиниот дом ќе го истргам од нивна средина.

15. А кога ќе ги откорнам, пак ќе им се смилувам и ќе ги поведам назад, секого во наследството и во земјата негова.

16. Па, ако навистина ги научат патиштата на Мојот народ и ако почнат да се заколнуваат во Моето Име - ‘Живиот ми Господ’ - како што го учеа Мојот народ да се заколнува во Ваала, тогаш пак ќе се настанам среде Мојот народ.

17. Ако пак не послушаат, тогаш таквиот народ потполно ќе го откорнам и ќе го сотрам,” зборува Господ.

Прочитајте целосна глава Еремија 12