Стар Завет

Нов Завет

Еремија 12:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Ти ги посади, а тие се вкоренеа, растат и донесуваат плод. Но Ти си близу само до нивната уста, а далеку си од нивните срца.

3. Но Ти, Господи, ме познаваш мене и ме гледаш; го испита моето срце, тоа е со Тебе. Одведи ги како јагниња на колење, запази ги за денот на колежот.

4. До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.”

5. Ако се уморуваш трчајќи со пешаците, како ќе се тркаш со коњите? Кога имаш надеж во мирната земја, како тогаш ќе врвиш низ јорданските шумки?

6. Зашто и твоите браќа и домот на твојот татко се дволични кон тебе! И тие те оцрнуваат зад грб со сета уста. Не верувај им кога ти зборуваат милно.

Прочитајте целосна глава Еремија 12