Стар Завет

Нов Завет

Еремија 14:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Дивите ослиња, стоејќи на голините, збиваат како шакал, очите им се изнемоштени зашто нема трева.”

7. Нашите беззаконија сведочат против нас, смилувај се, о Господи, заради Своето Име! Зашто отпаднавме од Тебе, згрешивме против Тебе.

8. О Израелева Надеж, негов Спасител во деновите на неволја! Зошто си како странец во оваа земја, како патник што се навратил за да преноќува?

9. Зошто си како исплашен човек, како јунак што не може да помогне, ние се викаме со Твоето Име - немој да нè оставиш!

10. Господ зборува вака за овој народ: „Да, тие сакаат да скитаат и не си ги штедат нозете, и затоа Господ не ги сака. И сега си спомнува за нивните беззаконија и ги казнува нивните гревови.”

11. И Господ ми рече: „Не барај милост за овој народ.

12. Ако и да постат, нема да ги послушам нивните молења и коленичења. Ако и да принесат паленици и принос, не ќе ми замилеат. Зашто со меч, со глад и со помор Јас ќе ги затрам.”

13. Тогаш реков: „Ах, Господи, Боже! Ене, пророците им зборуваат: ‘Нема да видите меч, ниту ќе има глад во вас, туку ќе ви дадам постојан мир во ова место.’”

14. А Господ ми рече: „Тие пророци пророкуваат лага во Мое Име; ниту ги испратив, ниту им дадов некаков налог - Јас и не им зборував. Тие ви пророкуваат лажни виденија, празни гатања и соништа на своето срце.

15. Затоа Господ зборува вака: ‘Тие пророци што пророкуваат во Мое Име, а Јас не ги испратив, па зборуваат дека ќе нема ни меч ни глад во оваа земја, самите ќе загинат од меч и од глад.

Прочитајте целосна глава Еремија 14