Стар Завет

Нов Завет

Еремија 15:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Господ ми рече: „Кога и Мојсеј и Самоил би застанале пред Мене, Мојата душа не би се обратила кон тој народ. Ги изгонив од пред Моето лице, нека си одат од Мене!

2. Ако те прашаат: ‘Каде да одиме?’ одговори им: ‘Господ зборува вака: „Кој е за смрт, во смрт! Кој е за меч, под меч! Кој е за глад, во глад! Кој е за заточение, на заточение!”‘

3. Ќе испратам врз нив четири неволи - зборува Господ: меч за да ги убива, пси за да ги раскинуваат, небесни птици и ѕверовите за да ги јадат и сотираат.

Прочитајте целосна глава Еремија 15