Стар Завет

Нов Завет

Еремија 15:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Господ ми рече: „Кога и Мојсеј и Самоил би застанале пред Мене, Мојата душа не би се обратила кон тој народ. Ги изгонив од пред Моето лице, нека си одат од Мене!

2. Ако те прашаат: ‘Каде да одиме?’ одговори им: ‘Господ зборува вака: „Кој е за смрт, во смрт! Кој е за меч, под меч! Кој е за глад, во глад! Кој е за заточение, на заточение!”‘

3. Ќе испратам врз нив четири неволи - зборува Господ: меч за да ги убива, пси за да ги раскинуваат, небесни птици и ѕверовите за да ги јадат и сотираат.

4. И ќе ги направам ужас за сите земни царства, и тоа заради Манасиј, синот Езекиин, јудејскиот цар - за сите зла што ги направи во Ерусалим.

5. Кој да ти се смилува тебе, Ерусалиме, кој да те пожали? Кој ли ќе се наврати да те праша како ти е?

Прочитајте целосна глава Еремија 15