Стар Завет

Нов Завет

Еремија 16:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Зашто вака зборува Господ над Восјките, Израелевиот Бог: „Еве, ќе направам да ги снема од ова место и пред вашите очи и во овие денови воскликнувањата на радост и веселба, и гласовите на младоженецот и на невестата.

10. А кога ќе му ги објавиш на народот сите овие зборови, па те прашаат: ‘Зошто Господ ни се закани со сета оваа голема несреќа; во што е нашето злосторство и во што се нашите гревови што ги направивме против Господа, нашиот Бог?’

11. Тогаш одговори им: ‘Во тоа што вашите татковци Ме оставија - говори Господ - и трчаа по туѓите богови за да им служат и за да им се клањаат, а Мене Ме оставија и не го запазија Мојот Закон.

12. А вие направивте уште полошо од вашите татковци, зашто еве, секој се поведува по закоравеноста на своето лошо срце, а Мене не Ме слуша.

13. Затоа ќе ве истерам од оваа земја во земја што ви е непозната, како што им беше и на вашите татковци. Таму ќе им служите на туѓи богови дење и ноќе; зашто веќе нема да ви се смилувам!’

14. Затоа, еве, доаѓаат дни - говори Господ - кога веќе не ќе се зборува ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Египетската Земја,’

15. но ‘Живиот ми Господ, Кој ги изведе Израелевите синови од Северната Земја и од сите земји, во кои ги протера;’ зашто ќе ги вратам во нивната земја, што им ја дадов на нивните татковци.

16. Еве, ќе испратам многу рибари - говори Господ - кои ќе ги уловат. А потоа ќе доведам многу ловци, кои ќе ги гонат од сите гори, и од сите брежиња, и од сите пештерски цепнатини.

17. Зашто Моите очи ги следат сите нивни патишта: нема да избегаат, ниту нивното беззаконие може да се скрие од Моите очи.

18. Двојно ќе им ги наплатам нивното беззаконие и нивните гревови, зашто со труповите на своите грозотии ги осквернија Мојата земја и Моето наследство го исполнија со гнасости.”

Прочитајте целосна глава Еремија 16