Стар Завет

Нов Завет

Еремија 18:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е словото што Господ му го упати на Еремија:

2. „Стани и слези во грнчаровата куќа - таму ќе ти ги објавам Своите зборови.”

3. И така, слегов во грнчаровата куќа, токму работеше на грнчарското колце.

4. И штом ќе се расипеше во грнчаровата рака садот што би го направил од глина, тој пак правеше од неа друг - како што ќе му се свидеше на грнчарот да направи.

5. И ми дојде Господово слово:

Прочитајте целосна глава Еремија 18