18. Па кој беше на Господовото советување, кој виде, кој го слушаше Неговото слово, кој го сфатил та може да го објави?
19. Ете, Господова бура доаѓа со јарост, грозна бура, и паѓа врз безбожничките глави.
20. Господовиот гнев не ќе стивне, додека Тој не ги изврши и не ги исполни замислите на Своето срце. Во последните денови тоа ќе го разберете јасно.
21. „Не ги испратив тие пророци, а сепак трчаат! Не им зборував, а сепак пророкуваат!
22. Да, ако беа на Моето советување, би му ги објавиле Моите зборови на Мојот народ, и би се обиделе да ги одвратат од нивниот лош пат и од нивните зли дела.
23. Та, зар Сум Јас Бог само од близу - говори Господ - зар од далеку веќе не Сум Бог?
24. Може ли некој да се скрие во тајни места та Јас да не го видам? - говори Господ. Не ги исполнувам ли Јас небото и земјата? - говори Господ.
25. Чув што зборуваат пророците, кои пророкуваат лаги во Мое Име и тврдат: ‘Сонував! Сонував!’
26. До кога ќе ги има меѓу пророците оние, кои пророкуваат лага и ја објавуваат измамата на своето срце?
27. Мислат дека со своите соништа, што еден на друг си ги раскажуваат, дека ќе постигнат Мојот народ да го заборави Моето Име покрај Ваала!