Стар Завет

Нов Завет

Еремија 23:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Речи му вака на пророкот: ‘Што ти одговори Господ?’ или ‘Што рече Господ?’

38. Но ако речете ‘Господово бреме,’ вака зборува Господ: ‘Затоа што се служите со зборот „Господово бреме,” иако ви нарачав да не го изговарате,

39. Јас ќе го подигнам високо и ќе ги отфрлам од Своето лице вас и вашиот град, што ви го дадов вам и на вашите татковци!

40. И ќе навалам врз вас вечен срам и вечен подбив, што не ќе се заборави.”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 23