Стар Завет

Нов Завет

Еремија 29:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Свештеникот Софониј му го прочита писмото на пророкот Еремија.

30. Тогаш му дојде на Еремија Господово слово:

31. „Испрати им ја на сите заточеници оваа вест: ‘Вака зборува Господ за Неламецот Семај: „Зашто Семај ви пророкува та ви буди измамливи надежи, иако Јас не го испратив,”

32. Господ зборува вака: „Ќе ги казнам Неламецот Семај, него и неговото потомство: никој не ќе му остане среде овој народ за да ја доживее среќата што ја подготвувам за Својот народ - зборува Господ - зашто проповедуваше буна против Господа.”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 29