Стар Завет

Нов Завет

Еремија 3:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Во тоа време Ерусалим ќе се вика: ‘Господов Престол;’ и сите народи ќе се соберат во него во Господово Име, и ниеден веќе не ќе се поведува по своето расипано срце.

18. Во оние денови Јудиниот дом ќе се сложува со Израелевиот дом; и заедно ќе тргнат од Северната Земја, во земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.

19. А јас реков: ‘Како да те вбројам меѓу синовите и да ти ја дадам земјата на сласта, наследството, најубавиот бисер меѓу народите!’ Помислив: ‘Ти ќе ме викаш: „Татко мој!” и веќе не ќе отстапиш од Мене.’

Прочитајте целосна глава Еремија 3