14. Сите љубовници те заборавија, веќе и не прашуваат за тебе! Зашто Јас удрив на тебе, како што удира непријателот, со жестока казна за беззаконие и за многуте твои гревови.
15. Зошто лелекаш заради својата рана? Зар е неизлечива твојата болка? Заради мноштвото беззаконија и заради многуте твои гревови ти го сторив тоа.
16. Но и тие што те јадат ќе бидат изедени, сите твои непријатели ќе отидат во ропство; твоите ограбувачи ќе бидат ограбени, и кои што те пљачкосуваа ќе бидат пљачкосани.
17. Но Јас ќе те исцелам, ќе ти ги залечам раните - зборува Господ. Те викаа „Истераната” и „Сионка, за која никој не прашува.”‘
18. Господ зборува вака: ‘Еве, ќе ја изменам судбината на Јакововите шатори, ќе им се смилам на неговите шатори: врз неговите урнатини пак ќе биде соѕидан град, и дворците ќе стојат на старото место.
19. Од нив ќе се чујат благодарници и радосни гласови. Ќе ги умножам, и веќе не ќе ги намалувам со број, ќе им дадам углед, и веќе не ќе ги презираат.