Стар Завет

Нов Завет

Еремија 31:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Во она време - говори Господ - ќе им бидам Бог на сите израелеви племиња, и тие ќе бидат Мој народ.”

2. Господ зборува вака: „Милост најде во пустината народот што му избега на мечот: Израел оди кон своја починка.”

3. Господ му се јави од далечина: „Те љубам со вечна љубов, затоа ти запазив милост.

4. Пак ќе те создадам, и ќе бидеш создадена Израелева девице. Пак ќе се украсуваш со тапанчиња, ќе се факаш во весел танец.

5. Пак ќе садиш лозја на ридовите на Самарија: кои ќе ги посадат насадите тие и ќе ги збираат.

6. Зашто доаѓа ден кога стражарите ќе викаат на Ефремовата Гора: ‘На нозе! Да се искачиме на Сион кон Господа, својот Бог!’”

7. Зашто Господ зборува вака: „Воскликнувајте му од радост на Јакова, поздравете го бурно првенецот на народите! Нека се разнесува вашиот глас! Објавете, прославете и кажете: ‘Господ го спаси Својот народ, Израелевиот Остаток!’

8. Еве, Јас ги водам од Северната Земја, ги собирам од краиштата на земјата: со нив се слепите и хромите, бремените и родилките: големата заедница се враќа.

Прочитајте целосна глава Еремија 31