Стар Завет

Нов Завет

Еремија 31:25-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. зашто Јас ќе ја закрепнам исцрпената душа, изобилно ќе ја нахранам истоштената душа.”

26. Како онаа: „Штом се разбудив, погледнав: сладок ли беше мојот сон!”

27. „Еве доаѓаат денови - Господово слово е - кога во Израелевиот дом и во Јудиниот дом ќе посеам човечко семе и животинско семе.

28. И како што некогаш бдеев за да ги откорнам, за да ги разурнам, за да ги истребам, за да ги сотрам и за да навалам несреќа врз нив, така сега ќе бдеам грижливо за да ги подигнам и за да ги посадам.

29. Во оние денови веќе не ќе се зборува: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите им отрпнуваат забите.’

30. Туку секој ќе умре заради сопствената вина. И на оној што ќе јаде кисело грозје забите ќе му отрпнуваат.

31. Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога ќе склучам Нов Завет со Израелевиот дом и со Јудиниот дом.

32. Не Завет каков што склучив со нивните татковци во денот кога ги зедов за рака за да ги изведам од Египетската Земја, Завет што тие го раскинаа иако Јас Сум нивни господар - говори Господ.

33. Туку, ова е Завет што ќе го склучам со Израелевиот дом по оние денови - говори Господ. Мојот закон ќе го ставам во нивната душа и ќе го напишам во нивното срце. И ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ.

Прочитајте целосна глава Еремија 31