Стар Завет

Нов Завет

Еремија 31:38-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. Еве доаѓаат денови - говори Господ - кога Господовиот град ќе биде пак соѕидан, од Ананеиловата Стражарница до Вратата на Аголот.

39. И уште натаму ќе се протегне јажето за мерење, право до ритчето Гарив, а тогаш ќе се сврти кон Гоат.

40. И сета долина на трупови и пепел, и сите полиња до потокот Кедрон, до аголот на Коњската Врата на исток, ќе биде Господова светина. И веќе не ќе има разурнувања и проклетства.”

Прочитајте целосна глава Еремија 31