Стар Завет

Нов Завет

Еремија 32:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Навистина, овој град само Ми е за гнев и расрденост откако е изграден па до денешниот ден, та треба да го отстранам од пред Своето лице

32. заради сето беззаконие што го направија Израелевите синови и Јудините синови, разгневувајќи Ме - тие и нивните цареви, кнезови и свештеници и пророци, Јудејците и Ерусалимците.

33. Ми ги свртија плеќите, а не своето лице, иако се трудев неуморно да ги поучам, ама не Ме слушаа ниту ја примија Мојата наука.

34. Поставија грозотии во Домот, што е наречен со Моето Име, за да го обесветат.

Прочитајте целосна глава Еремија 32