Стар Завет

Нов Завет

Еремија 34:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Но чуј го Господовото слово, Седекија, јудејски цару! Господ ти го порачува ова: ‘Не ќе загинеш од меч,

5. ќе умреш во мир! И како што твоите татковци, твоите претходни цареви, ги покадија, и тебе ќе те покадат и ќе тажат по тебе: „Леле, Господару!”‘ Јас ти го зборувам тоа” - говори Господ.

6. И пророкот Еремија му ги предаде сите овие зборови на Седекија, јудејскиот цар во Ерусалим,

7. додека војската на вавилонскиот цар напаѓаше на Ерусалим и на останатите Јудини градови - на Лахис и на Азика, зашто само тие останаа од утврдените јудејски градови.

8. Словото што Господ му го упати на Еремија, откако царот Седекија склучи сојуз со сиот ерусалимски народ за да им прогласи слобода,

9. така што секој да го пушти на слобода својот роб, Евреин и својата робинка, Еврејка, та веќе кај никого да нема Евреин, негов брат, како роб.

10. И сите првенци и сиот народ што влегоа во овој сојуз се согласија та секој ги пушти на слобода својот роб и својата робинка за да не им робуваат веќе. И така, се согласија и ги пуштија.

Прочитајте целосна глава Еремија 34