Стар Завет

Нов Завет

Еремија 36:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во четвртата година на Јоаким, јудејскиот цар, Господ му го упати оваа слово на Еремија:

2. „Земи книжен свиток и запиши ги на него сите зборови што ти ги реков за Израел, за Јудеја и за сите народи, од денот кога почнав да ти зборувам, од деновите Јосиини до денешниот ден.

3. Можеби Јудиниот дом ќе чуе за сите несреќи што ги наумив да ги оборам врз нив, та ќе се врати секој од својот лош пат, и Јас ќе им ги простам вината и гревот нивни.”

4. Тогаш Еремија го повика Варуха, синот Нириин, и Варух ги напиша на книжен свиток, според Еремииното кажување, сите зборови што му ги објави Господ.

5. Тогаш Еремија му нареди на Варуха: „Мене не ми е слободно, та не можам да појдам во Господовиот Дом.

6. Оди ти та на денот на постот во Господовиот Дом читај му ги на народот Господовите зборови од книжниот свиток што го напиша според мое кажување. Прочитај им ги и на сите Јудејци кои што дојдоа од своите градови.

7. Можеби нивните покорни молења ќе се издигнат кон Господа, и можеби ќе се одврати секој од својот лош пат; зашто е голем бесот и срдењето со кои Господ му се заканува на овој народ.”

8. И Варух, синот Нириин, направи сè како што пророкот Еремија му беше заповедал за да ги прочита Господовите зборови во Господовиот Дом.

9. Во петтата година на Јоаким, синот Јосиин, јудејскиот цар, во деветтиот месец, го повикаа на пост пред Господа сиот ерусалимски народ и сиот народ што можеше да стигне од јудејските градови во Ерусалим.

10. Варух му ги прочита од книжниот свиток Еремиините зборови на сиот народ во Господовиот Дом, во дворницата на Гемариј, синот на писарот Сафан, во горното преддворје пред Новата Врата на Господовиот Дом.

11. А кога Михеј, синот на Сафановиот син Гемариј, ги чу сите Господови зборови, напишани во книжниот свиток,

12. слезе во царскиот дворец во собата на писарот, каде што токму седеа сите достоинственици: писарот Елисам, Делај, синот Семаин, Елнатан, синот Ахворов, Гемариј, синот Сафанов, Седекиј, синот Ананиин, и сите други достоинственици.

13. Михеј им ги кажа сите зборови што ги беше чул кога Варух му ги читаше на народот од книжниот свиток.

14. Тогаш сите кнезови ги испратија Јудиј, синот Натаниин, и Селемиј, синот Хусиев, кај Варуха да му речат: „Земи го во раката книжниот свиток од кој што му читаше на народот и дојди!” Тогаш Варух, синот Нириин, го зеде книжниот свиток во раката и дојде кај нив.

Прочитајте целосна глава Еремија 36