Стар Завет

Нов Завет

Еремија 36:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кога ги чуја сите оние зборови, се погледаа исплашено и му рекоа на Варуха: „Треба сè тоа да му го кажеме на царот.”

17. И го прашаа Варуха: „Ајде, објасни ни како ти ги напиша сите тие зборови.”

18. Варух им рече: „Еремија ми ги кажуваше сите тие зборови, а јас со црнило ги запишав во книжниот свиток.”

19. Тогаш кнезовите му рекоа на Варуха: „Оди, и скриј се, ти и Еремија; никој да не знае каде сте.”

20. И, откако го оставија книжниот свиток во дворницата на писарот Елисам, отидоа кај царот во преддворјето на дворецот и му раскажаа за сè.

21. Царот го испрати Јудиј да го донесе книжниот свиток: тој го донесе од собата на писарот Елисам и им го прочита на царот и на кнезовите, кои стоеја околу него.

22. Царот седеше во зимскиот дворец - тоа беше во деветтиот месец - а пред него стоеше разгорена жар.

23. И кога Јудиј би прочитал три-четири столпчиња, царот ги пресекуваше со писарско пероножче, и ги фрлаше во огнот на жарта сè додека целиот книжен свиток не беше уништен во огнот на жарта.

24. Ни царот ни неговите слуги не се исплашија, ниту ги раскинаа облеките кога ги чуја тие зборови,

25. па сепак Елнатан, Делај и Гемариј го молеа царот да не го спалува книжниот свиток, ама тој не ги послуша.

Прочитајте целосна глава Еремија 36