Стар Завет

Нов Завет

Еремија 37:5-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.

6. Тогаш Господовото слово му се јави на пророкот Еремија:

7. „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘На јудејскиот цар, кој ве испрати кај мене да ме прашате, речете му вака: „Еве, фараоновата војска, што ви доаѓа на помош, ќе се врати во својата земја, Египет.

8. Халдејците пак ќе го нападнат овој град, ќе го освојат и ќе го спалат.”‘

9. Господ зборува вака: ‘Не занесувајте се со мислата: „Халдејците ќе си одат од нас,” зашто тие не ќе си отидат!

10. Па и да ја разгромите сета халдејска војска што се бори против вас, така што од неа да останат само ранетите, тие пак, секој од својот шатор, ќе станат за да го уништат со пожар овој град.’”

11. Кога халдејската војска заради фараоновата војска требаше да ја прекрати опсадата на Ерусалим,

12. и Еремија сакаше да замине од Ерусалим и да отиде во Венијаминовата Земја та таму да добие дел од роднините.

13. Ама кога стигнаа до Венијаминовата Врата, таму беше заповедник на стражата Ереј, синот на Ананиевиот син Селемиј. Тој го застана пророкот Еремија, извикувајќи: „Ти сакаш да пребегаш кај Халдејците!” Еремија одговори:

14. „Не е вистина, не сакам да пребегам кај Халдејците!” Ама и не слушајќи го Еремија, Ереј го фати и го одведе при кнезовите.

15. Достоинствениците му се налутија на Еремија, та го натепаа и го затворија во куќата на писарот Јонатан, што ја беа претвориле во темница.

16. Така Еремија се најде во јама со свод над неа. Таму Еремија остана многу време.

Прочитајте целосна глава Еремија 37