Стар Завет

Нов Завет

Еремија 37:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.

6. Тогаш Господовото слово му се јави на пророкот Еремија:

7. „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘На јудејскиот цар, кој ве испрати кај мене да ме прашате, речете му вака: „Еве, фараоновата војска, што ви доаѓа на помош, ќе се врати во својата земја, Египет.

8. Халдејците пак ќе го нападнат овој град, ќе го освојат и ќе го спалат.”‘

Прочитајте целосна глава Еремија 37