Стар Завет

Нов Завет

Еремија 38:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сефатиј, синот Матанов, и Годолиј, синот Пасхоров, и Јухал, синот Малхиин, чуја тогаш за зборовите што Еремија му ги кажа на сиот народ:

2. „Господ зборува вака: ‘Кој ќе остане во овој град, ќе загине од меч, од глад и од помор. А кој ќе излезе пред Халдејците, ќе го спаси животот - животот ќе му остане како корист, ќе остане жив.’

3. Зашто Господ зборува вака: ‘Овој град навистина ќе падне во рацете на војската на вавилонскиот цар и таа ќе го заземе!’”

4. Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек треба да биде убиен: тој навистина ги обесхрабрува воините кои уште останаа во градот и сиот народ, кога зборува такви зборови пред нив. Па тој човек не го бара доброто на овој народ, туку неговата пропаст.”

5. А царот Седекија одговори: „Ете, тој е во вашите раце, зашто царот и така нема веќе власт над вас.”

6. Тогаш го грабнаа Еремија и го фрлија во јамата на царскиот син Малхиј, што беше во темничкиот двор, и тие го спуштија со јажиња. Ама во водособиралиштето немаше вода, туку само тиња, така што Еремија пропадна во тињата.

7. Но Кушитот Авде-Мелех, дворјанец кој беше во царскиот дворец, чу дека Еремија го фрлија во водособиралиштето додека царот токму седеше кај Венијаминовата Врата.

8. Тогаш Авде-Мелех излезе од царскиот дворец, та вака му рече на царот:

Прочитајте целосна глава Еремија 38