Стар Завет

Нов Завет

Еремија 38:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тогаш кнезовите му рекоа на царот: „Овој човек треба да биде убиен: тој навистина ги обесхрабрува воините кои уште останаа во градот и сиот народ, кога зборува такви зборови пред нив. Па тој човек не го бара доброто на овој народ, туку неговата пропаст.”

5. А царот Седекија одговори: „Ете, тој е во вашите раце, зашто царот и така нема веќе власт над вас.”

6. Тогаш го грабнаа Еремија и го фрлија во јамата на царскиот син Малхиј, што беше во темничкиот двор, и тие го спуштија со јажиња. Ама во водособиралиштето немаше вода, туку само тиња, така што Еремија пропадна во тињата.

7. Но Кушитот Авде-Мелех, дворјанец кој беше во царскиот дворец, чу дека Еремија го фрлија во водособиралиштето додека царот токму седеше кај Венијаминовата Врата.

8. Тогаш Авде-Мелех излезе од царскиот дворец, та вака му рече на царот:

9. „Господине, цару мој, овие луѓе прават зло кога постапуваат така со пророкот Еремија: го фрлија во јамата, каде ќе умре од глад, зашто нема леб во градот.”

10. Тогаш царот му заповеда на Етиопецот Авде- Мелех: „Поведи оттука тројца луѓе, па извлечете го пророкот Еремија од водособиралиштето, додека не умрел.”

11. И Авде-Мелех ги поведе луѓето, влезе во царскиот дворец, под ризницата: зеде таму малку износени и искинати облеки, та со јаже му ги спуштија на Еремија во јамата.

12. Кушитот Авде-Мелех му рече на Еремија: „Сложи ги износените и искинатите облеки под пазувата и под јажињата.” Еремија направи така.

13. Тогаш со јажињата го извлекоа Еремија од јамата. Оттогаш Еремија остана во темничкиот двор.

14. Царот Седекија испрати по пророкот Еремија, та го повика да дојде кај него на третиот влез што води во Господовиот Дом. Царот му рече на Еремија: „Сакам да те прашам нешто, немој ништо да ми затаиш!”

15. Еремија му одговори на Седекија: „Ако ти кажам, нема ли да ме погубиш? Ако пак те посоветувам, не ќе ме послушаш!”

Прочитајте целосна глава Еремија 38