Стар Завет

Нов Завет

Еремија 42:7-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. По десет денови Господовото слово му дојде на Еремија.

8. Тогаш тој ги повика Јоанан, синот Кариов, сите воени заповедници кои беа со него, и сиот народ, мало и големо,

9. па им рече: „Вака зборува Господ, Израелевиот Бог, Кому ме испративте за да ја излеам пред Него вашата молба:

10. ‘Ако бидете живееле мирно во оваа земја, ќе ве подигнам, и нема веќе да ве разурнам; ќе ве посадам, а нема да ве откорнам. Зашто се сожалив за бедата што ви ја сторив.

11. Не бојте се од вавилонскиот цар од кого се плашите. Не бојте се од него - говори Господ - зашто Јас Сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговите раце.

12. И Јас ќе ви покажам милост да ви се смилува и да ве пушти да живеете во оваа земја.’

13. Ако пак речете: ‘Не, ќе останеме во оваа земја,’ не покорувајќи Му се на гласот на Господа, својот Бог,

14. ако речете: ‘Не, одиме во Египет, за да не видиме веќе војна, за да не го чуеме веќе гласот на бојниот рог, за да не бидеме веќе гладни за леб; да одиме онаму.’

15. Тогаш чујте го Господовото слово, вие кои сте Остаток на Јудеја: „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Ако одлучивте да тргнете во Египет, за да живеете таму,

16. мечот од кој се плашите, ќе ве стигне во Египетската Земја; гладот од кој се страшите, ќе ви биде зад петиците во Египет: и таму ќе умрете!

17. И сите оние кои ќе решат да отидат во Египет и да се населат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор: никој жив не ќе и избега на несреќата што ќе ја навалам врз нив.’

18. Зашто вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Како што Мојата расрденост и Мојот бес се оборија врз Ерусалимците, така Мојот гнев ќе се излее и врз вас ако тргнете во Египет: ќе станете проклетство, ужас и клетва и потсмев, а ова место никогаш веќе не ќе го видите.’

19. Вам, кои сте остаток на Јудеја, Господ ви порачува да не одите во Египет. Знајте добро дека денес бев сведок против вас.

Прочитајте целосна глава Еремија 42